Поврзете се со нас

Англија

Салах го надмина Анри и постави нов рекорд во Европа (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Ливерпул немаше никакви проблеми во дуелот со Тулуз во рамките на третото коло од групната фаза на Лига Европа.

Премиерлигашот во својот дом славеше со 5-1 и го задржа максималниот учинок во конкуренцијата Е во ова натпреварување. Домашниот стратег Јирген Клоп ги измеша картите за овој меч, меѓутоа и комбинираниот тим си ја заврши работата.

Мо Салах влезе во игра во 70 минута, но и тој мал простор што го доби беше доволен да се запише во листата на стрелци и со тоа да испише нова историја. Напаѓачот погоди во завршницата на пресметката, а тоа беше 43 негов гол за „црвените“ во натпреварувањата кои се под капа на УЕФА.

Со ова тој стана најефикасен играч на некој англиски клуб во Европа, поточно го остави зад себе Тјери Анри кој своевремено за Арсенал беше автор на 42 погодоци. Во Топ 5 листата се уште Серхио Агуеро, Дидие Дрогба и Хари Кејн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни