Поврзете се со нас

АТП

Русинот спречи планирано финале: Медведев најде лек за Алкарас и ќе го предизвика Ѓоковиќ на Артур Еш (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Карлос Алкарас влезе како апсолутен фаворит во дуелот со Данил Медведев по двете лесни победи кои ги оствари над Русинот на Индијан Велс и Вимблдон, но ако некаде Медо игра над своите обични стандарди, тоа дефинитивно е Њујорк.

Поранешниот шампион на Флешинг Медоус не дозволи да гледаме планирано и спектакуларно финале во недела како што посакуваа речиси сите тениски фанови, бидејќи со неверојатна и константна игра овојпат најде лек за младиот Шпанец и го исфрли во полуфиналето на Ју-Ес Опен.

Клучен беше првиот сет во кој Алкарас не искористи две брејк шанси и не профитираше од тоа што беше за нијанса подобар ривал на теренот, па откако загуби во тајбрејкот со 7:3, следеше некарактеристичен пад за него.

Карлос стана многу нервозен и почна да греши, додека Медведев беше како ѕид на спротивната страна и ги враќаше сите топки, што беше доволно за предност од 3:0 за 10 минути играч. Русинот беше далеку подобар во овој сет и направи уште еден брејк за 6:1, што значеше и огромна предност за него во второто полуфинале.

Во третиот сет, Алкарас успеа да се консолидира и со ран брејк поведе со 3:1, па благодарение на ова намали на 2:1 во сетови (6:3) и се избори за четврти. Истиот донесе голема драма и Алкарас прв не реализираше три брејк топки, што дефинитивно можеше да го сврти мечот во негова корист. Наместо тоа, Медведев прв направи брејк и поведе со 4:2, а потоа со судни маки го заврши мечот и отсервира за победа од 6:3 и пласман во големото финале.

На крајот, Русинот ќе биде тој кој ќе го предизвика Ноле во големото финале во недела, во кое ќе брка втора победа над него во финалињата на овој турнир. Од друга страна, Ѓоковиќ ќе брка одмазда, бидејќи токму Медведев го спречи во намерата да стигне до календарски слем во 2021-ва година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни