Поврзете се со нас

Лига Европа

Рома падна во Прага, прв пораз на Ливерпул, Фати го реши Ајакс (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Рома доживеа пораз од Славија Прага од 2-0 во средбата од групата Г во Лига Европа.

Мурињо се реши да настапи со доста силен тим на овој дуел и покрај престојното дерби со Рома во Серија А, но и тоа не помогна „волчицата“ да оствари позитивен резултат во чешката престолнина. Јурецка и Масопуст погодија во вториот дел, па сега Славија има 9 бода, исто како и калчолигашот.

Сервет пак е трет со четири и тоа откако вечерва го доби Шериф со 2-1.

Ливерпул запиша уште еден неочекуван резултат по оној со Лутон, односно беше надигран од Тулуз со 3-2. Премиерлигашот губеше и со 3-1, а во судиското продолжение даде и гол за 3-3, ама истиот беше поништен поради игра со рака на МекАлистер.

Ансу Фати пак со гол и асистенција му донесе славје на Брајтон над Ајакс (2-0) во Амстердам.

Останати резултати:

ЛАСК – Ројал Унион 3-0
Макаби Хаифа – Вилјареал 1-2
Карабах – Баер Леверкузен 0-1
Рен – Панатинаикос 3-1

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни