Поврзете се со нас

Англија

Роџерс му одржа лекција на новинарот кој му постави прашање за Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Брендан Роџерс е едно од имињата кои тесно се поврзуваат со Манчестер Јунајтед, односно актуелниот менаџер на Лестер е еден од тројцата главни фаворити за наследување на позицијата која и натаму ја извршува Оле Гунар Солскјер на „Олд Трафорд“.

Англиската јавност веќе извесно време го вклучува Брендан во потесен круг опции за клубот од Манчестер, гласини кои денеска го налутија некогашниот тренер на Ливерпул кој денеска доста дрско му се обратил на новинарот кој му поставил прашање за можното заминување во Јунајтед.

– Прво и основно, навистина непочитувачки е да поставиш такво прашање кога има менаџер на функција во тој клуб. Станува збор за добар менаџер и одлчен човек кој работи во Манчестер Јунајтед.

– Второ, нема да ти дадам прецизен коментар бидејќи тоа што го зборуваш не е реално. Јас сум горд што сум дел од Лестер Сити, привилегија е да се биде тука и да се работи во овој клуб. Максимално сум приврзан за моите играчи и за раководството на клубот. Се што доаѓа однадвор, јас не можам да го контролирам.

– Во овој момент мислам само на саботното дерби против Челси и се подготвувам за тој меч. Ваквите прашања и вести се фрустрирачки за мене и моите играчи. За жал, тоа е модерниот пристап во фудбалот, има многу шпекулации и гласини, – порачал Роџерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни