Поврзете се со нас

Англија

Ристовски со гол го испрати Адеми во Кина, Аријан со емотивна порака се прости од „Бед Блу Бојс“ (Видео)

Објавено

на

Дербито меѓу Динамо и Ријека мина во знакот на македонските фудбалери, бидејќи Стефан Ристовски го постигна голот за победа во Загреб, а истиот му го посвети на својот соиграч и добар пријател кој заминува во Кина.

Ристовски постигна погодок за победа против Ријека во второто полувреме, но уште при прославата јасно стави до знаење дека се е во чест на Аријан Адеми, кој после 13 години се сели навистина далеку и прави трансфер во Кина.

Прославата на Македонците е последната заедничка слика која ќе ја имаат од времето кое го минаа во Динамо, но по крајот на мечот, Адеми како капитен на тимот имаше и емотивно обраќање до „Бед Блу Бојс“.

Адеми им се обрати на сите присутни на трибините на „Максимир“, а потоа ја почна и познатата навивачка песна и настана еуфорија на трибините.

– Не знам од каде да почнам и каде да завршам. Ви благодарам за се, ова беа најдобрите 13 години во мојот живот. Јас се уште сум дел од вас, – порача Адеми.

Говорот на Адеми погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни