Поврзете се со нас

Свет

Рикелме направи споредба: Згрозен сум од новата генерација фудбалери!

Објавено

на

Foto:twitter.com/BocaJrsOficial

Хуан Роман Рикелме е легендарен аргентински фудбалер и своевремено важеше за еден од најдобрите офанзивни играчи за врска, но и по крајот на кариерата, тој е активен како важен член од Управниот одбор на Бока Јуниорс каде последно работи и како претседател.

Рикелме во една од последните важни операции минатото лето успеа да го ангажира Единсон Кавани, а покрај тоа што го довел Уругваецот поради сувиот квалитет, Хуан Роман обелоденува дека тргнал по него за да послужи и како пример во соблекувалната.

Првиот човек на Бока вели дека не може да сфати најголем дел од играчите кои се следбеници на новата генерација, па не крие дека на моменти е и згрозен од тоа што го прават новите фудбалски ѕвезди.

– Порано ние играчите го сакавме фудбалот. Не ни беше до игра после натпреварите, или билошто слично. Сега на играчите им е важно да се фотографираат со својот фризер.

– Повремено се чувствувам згрозено од таквиот тренд и се нервирам поради тоа што не можам да направам ништо за да влијаам, – вели Рикелме.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни