Поврзете се со нас

НБА

Ретко се гледа во вакво издание: Јокиќ збесна и бараше реакција од тренерот, па и го опцу (ВИДЕО)

Објавено

на

Денвер Нагетс не одигра како што посакуваше и загуби од Феникс Санс со 117:107 на соочувањето во Колорадо.

Домаќините покажаа карактер и се вратија од негатива од 22 разлика, меѓутоа тој кам-бек на крајот не беше комплетиран затоа што по дополнителните пет минути „сонцата“ се изборија за триумф на тешкиот терен и тоа без ѕвездата Девин Букер.

Јокиќ го заврши дуелот со дабл-дабл од 25 поени и 16 скокови, но и со само 5 асистенции што е скромно за него, плус имаше седум загубени топки. Кај Србинот имаше одредена тензија, нервоза и тоа најмногу дојде до израз при една ситуација во четвртата четвртина кога под кошот на противникот судиите донесоа одлука која според него беше погрешка по што тој бурно реагираше и бараше реакција од неговата клупа, поточно од тренерот Мелоун.

Никола сакаше челинџ и мораше добро да се потруди за да го добие она што го сакаше со тоа што на крајот и опцу, нешто што можеше да се прочита од неговите усни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни