Поврзете се со нас

Свет

Репрезентативецот Тодороски договори ангажман во Унгарија

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Тодор Тодороски го реши клупското прашање и во иднина ќе настапува во првата лига на Унгарија.

Бекот се договори со Залаегерсег, тим во кој има уште еден македонски интернационалец Даниел Миловановиќ.

-Многу сум среќен што му се приклучувам на тимот. Очигледно треба да работиме напорно и да освоиме поени за да бидеме што е можно поуспешни и да стигнеме што подалеку. Со нетрпение очекувам да доживеам што повеќе позитивни моменти во Залаегерсег, -порача Тодор кој потпиша договор на една плус уште една сезона.

Дефанзивецот освен во Македонија има настапувано во Хрватска, Србија, Словачка и Азербејџан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни