Поврзете се со нас

Светски првенства

Реакцијата на Скалони по освоената светска титула ја обиколи цела Аргентина (Видео)

Објавено

на

Лионел Скалони е тивкиот лидер од сенка на оваа аргентинска фудбалска репрезентација, која денеска испиша нова фудбалска историја со третата шампионска титула на светските првенства.

Човекот кој беше доведен во 2018-та година како привремено решение за Хорхе Сампаоли на крајот се покажа како клучен за голема преродба во аргентинскиот фудбал, која денеска го донесе и најголемиот успех во неговата кратка тренерска кариера.

По освоените титули на Копа Америка и Финалисима против Италија, Скалони денеска стана и светски шампион, што прави да има посебно место во историјата на аргентинскиот фудбал.

Поранешниот фудбалер на Депортиво Ла Коруња стана првиот Аргентинец кој како селектор ги освоил титулите на Копа Америка и Светско првенство, но оваа последната му донесе неверојатни емоции по последниот судиски свиреж на Марчинијак.

Во реакцијата на селекторот се препознаа многу аргентински фанови и истата стана вирална на социјалните мрежи, но навистина добра е изјавата која ја даде Скалони во првото обраќање пред новинарите.

– Се уште не сфаќам што направивме, се уште не сме свесни што направивме. Неверојатно е чувството да се биде светски шампион. Оваа група мина низ се и сешто. Горд сум на овие момци. Да бидам искрен, возбудата сега не е толку голема, некако чувствувам олеснување. Направивме да играме со голема самодоверба во секој момент од еден меч и ова е историски момент за Аргентина. Се надевам дека дечињата кои не гледаат во Аргентина од денеска ќе сакаат да станат фудбалери и идни репрезентативци, – изјавил Скалони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни