Поврзете се со нас

Италија

Пулишиќ откри зошто ја зема „единаесетката“ во Милан

Објавено

на

Американскиот репрезентативец, Кристијан Пулишиќ го комплетираше трансферот во редовите на Милан, клуб во кој се надева дека ќе си ја врати кариерата на вистинскиот пат.

Офанзивецот не се прослави во последните години во Челси, не ја добиваше посакуваната минутажа, па сега ова е нова можност која сака да ја искористи. Тој се реши за храбар потег и ја зема единаесетката која досега му припаѓаше на легендарниот Златан Ибрахимовиќ кој да потсетиме одлучи да замине во пензија по минатата кампања.

-Тоа е број кој ми се допаѓа. Знам дека го носеше легенда во ликот на Ибрахимовиќ и тоа е фантастична можност за мене. Не сакам да се споредувам со Ибра или да ја пополнам празнината што ја остави еден таков голем шампион, но беше слободен и јас го избрав.

-Имаме многу силен и конкурентен напад. Генерално, тимот е полн со таленти. Ќе се обидам да дадам придонес во нападот. Честопати играв странично, особено на десното крило, но можам да покривам и други позиции, како што е улогата на напаѓачки плејмејкер. Јас сум особено силен дриблер, што ми помага да давам асистенции и да постигнувам голови. Ќе биде задоволство да се има Леао како соиграч, тој е едноставно неверојатен, -истакна Американецот објаснувајќи го неговиот избор на дрес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни