Поврзете се со нас

Европски првенства

Продолжува австриската бајка на ЕП: Гол во последниот напад за победа над фаворизираната Унгарија (Видео)

Објавено

на

Селекцијата на Австрија е најпријатно изненадување на актуелното Европско првенство во Германија, а тоа го покажа и на првиот меч во втората фаза на шампионатот.

Откако во воведната фаза забележа една победа и запиша два нерешение дуели против силните Хрватска и Шпанија, Австријците денеска покажаа дека навистина не признаваат фаворити.

Унгарија влезе како далеку подобра селекција на хартија, па иако во воведната фаза на средбата водеше со 8:4, на крајот мораше да се помири со прв пораз на шампионатот, и тоа навистина драматичен.

Австрија првпат поведе во 43-та минута на мечот при резултат 23:22, но од тука до крајот на мечот се играше крајно израмнето и на крајот пресуди последниот напад во кој Билик беше херој.

Најдобриот играч на Австрија ја круниса својата брилијантна партија со победнички гол кој беше осми за него, а изивонредни беа и Вебер и Хутачек кои постигнаа по шест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни