Поврзете се со нас

Олимписки игри

Познати четвртфиналните парови на олимпискиот турнир во фудбал

Објавено

на

Со одиграните денешни натпревари во Токио, се комплетираше четвртфиналната фаза на Олимписките игри, рунда во која нема да ја гледаме Франција која денеска доживеа вистински потоп од Јапонија.

Домашната селекција со максимален учинок и девет освоени бода се пласираше меѓу осумте најдобри селекции, а доминацијата најдобро беше изразена на денешниот меч против „триколорите“.

Јапонија победи со убедливи 4:0, натпревар на кој видовме четири различни стрелци и еден црвен картон. Кубо, Сакаи, Мијоши и Маеда беа стрелци на головите, додека исклучување заработи Французинот Коло Муани.

На останатите средби, Шпанија со ремито против Аргентина си обезбеди четвртфинален билет, а истото важи и за Бразил кој славеше против Саудиска Арабија со 4:1.

По комплетираните резултати, се добија следните четвртфинални парови:
Шпанија-Брегот на Слоновата Коска
Јапонија-Нов Зеланд
Бразил-Египет
Јужна Кореја-Мексико

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни