Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Познат распоредот за ЛШ: Вардар отвора против Елверум, па следат тешки предизвици во ноември и декември

Објавено

на

РК Вардар се најде во групата А во Лигата на шампионите и ги избегна великаните Барселона и ПСЖ во групната фаза на најелитното натпреварување, но тоа не значи дека македонскиот првак нема да има тешки противници и сериозни предизвици во новата сезона.

Непосредно по одредувањето на групите и направеното подредување, ЕХФ брзо направи и распоред за одигрување на натпреварите во групната фаза, па тренерот Веселин Вујовиќ и играчите на Вардар веќе знаат за што треба да се подготвуваат на почетокот на сезоната.

Двократниот европски шампион ќе ја отвори европската сезона на гостувањето кај Елверум, а потоа на домашен терен во „Јане Сандански“ ќе го пречека Мешков Брест на 22 или 23-ти септември.

Од распоредот, лесно може да се заклучи дека Вардар ќе има жестоки тестови во ноември и декември, бидејќи во краток временски интервал на двапати ќе игра против Загреб, Кил, Пик Сегед и Алборг.

Распоред на РК Вардар:
1 коло: Елверум – Вардар, 15/16 – 09
2 коло: Вардар – Мешков Брест, 22/23 – 09
3 коло: ППД Загреб – Вардар, 29/30 – 09
4 коло: Вардар – Монпелје, 13/14 – 10
5 коло: Алборг – Вардар, 20/21 – 10
6 коло: Вардар – Кил, 27/28 – 10
7 коло: ПИК Сегед – Вардар, 17/18 – 11
8 коло: Вардар – ПИК Сегед, 24/25 – 11
9 коло: Кил – Вардар, 01/02 – 12
10 коло: Вардар – Алборг, 08/09 – 12
11 коло: Монпелје – Вардар, 16/17 – 02
12 коло: Вардар – ППД Загреб, 23/24 – 02
13 коло: Мешков Брест – Вардар, 02/03 – 03
14 коло: Вардар – Елверум, 09/10 – 03

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни