Поврзете се со нас

Франција

Постојат само четири реални сценарија откако ПСЖ го стави Мбапе на продажба

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе првично беше впишан меѓу играчите на ПСЖ кои треба да отпатуваа за Јапонија, но на крајот, клубот го „прецрта“ Французинот од официјалниот список и тој нема да биде дел од турнејата во Азија.

Според сите угледни француски медиуми, ова е одлука на Насер Ал Келаифи кој веќе му постави ултиматум на Мбапе за време на промоцијата на Луис Енрике, а откако не доби никаков одговор, чекорот кој го презема е ставање на трансфер пазарот.

Вестите од Франција одат во правец дека Килијан од денеска и официјално е на продажба и ќе се слушаат сите понуди кои ќе пристигнат на адреса во Париз, со тоа што веќе имало и една формална.

Ал Хилал подготвил 200 милиони евра за ангажман на Килијан Мбапе, но иако ова е реална опција, малку веројатно е дека Французинот во оваа фаза од кариерата ќе замине во Саудиска Арабија.

Второто сценарио кое може да се покажа како излезе за Мбапе е Премиер лигата, бидејќи Челси експресно почнал да ја „опипува“ ситуацијата и да разгледува дали може да го заобиколи финансискиот фер-плеј за да го ангажира светскиот шампион од 2018-та година.

Овие две сценарија е двете најнови кои се додаваат на оние двете кои веќе беа добро познати, а тоа е преселба во Реал Мадрид кој отстрана будно ја следи цела ситуација, или пак епилог како оној пред една година, односно продолжување на соработката меѓу „светците“ и Мбапе.

„Радио Монте Карло“ ова утро понуди и петто можно сценарио, но тоа е навистина тешко остварливо, бидејќи никој не може да замисли како Мбапе би прифатил да ја мине цела сезона на трибините, за потоа да направи трансфер како слободен агент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни