Поврзете се со нас

АТП

Поранешниот тренер на Ѓоковиќ: Тој е емотивно потресен од нападите

Објавено

на

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер истакна дека Србинот видно потресен ќе игра на Австралија Опен, по нападите на адреса на светскиот тенисер број еден.

Ѓоковиќ во последно време е изложен на разно разни напади од светските медиуми откако одбиваше да се вакцинира, а Бекер смета дека тие напади не се ни малку пријатни.

– Јас сум прв кој разбира што значи стресна ситуација со медиумите, имам таков случај и до ден денес, -изјави Бекер и потенцираше дека Ѓоковиќ кој нема натпревари од  УС Опен во моментов е емотивно потресен.

– Се надевам дека наскоро ќе игра, мислам дека се ќе биде многу појасно кога ќе се врати и ќе почне да игра на турнирите.

– Изгледа дека сега е многу емотивно потресен со сите тие напади од медиумите, -изјави Бекер кој го тренираше Ѓоовиќ од 2013 до 2016 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни