Поврзете се со нас

НБА

Поранешна НБА ѕвезда: Јокиќ е најлошиот МВП во последните 40 години

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ е на добар пат да добие трета МВП титула во НБА лигата, особено во ситуација кога Денвер е прв тим на Западот, а Србинот игра во страшна форма од натпревар во натревар.

Со вложениот труд и константноста која ја прикажува, Србинот почна да ги придобива и дел Американците кои во минатото му беа големи критичари, но сепак некои како Гилберт Аренас се уште се обидуваат да најдат параметри за да го оцрнат најдобриот кошаркар во лигата.

Поранешната НБА ѕвезда двапати беше дел од Ол стар натреварите, а последното обраќање го искористи за сподели факти според кои Јокиќ неправедно бил награден со МВП титулата во 2021-ва и 2022-ра година.

– Јокиќ најверојатно е најлошиот МВП добитник во последните 40 години. Кога зборуваме за најкорисниот играч во Лигата, обично зборуваме за играчи чии тимови завршувале први или втори во регуларниот дел од сезоната. Имало некои исклучоци како Мајкл Џордан и Расел Вестбрук, но тоа беше нешто посебно. Џордан ја доби МВП титулата кога Чикаго беше седми, но тој имаше просек од 35 поени, 6 скокови и 5 асистенции по натпревар, како и три украдени топки по меч. Тоа имаше смисла, исто како што имаше смисла кога Вестбрук беше МВП и покрај тоа што Оклахома беше десетта. Тој имаше трипл-дабл просек цела сезона, направи нешто неверојатно, нешто што го немавме видено од Оскар Робертсон.

– Кога Јокиќ ја доби наградата во 2021-ва година, Денвер беше петти на табелата, а он имаше 26 поени, 8 скокови и 10 асистенции по меч, не гледам што е тука историски? Не беше блиску до трипл-дабл, а втората МВП титула му ја дадоа кога Денвер беше десетти во цела лига, а тој имаше просек од 28 поени, 8 скокови и 13 асистенции. Не гледам ништо историско во тоа, – вели Аренас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни