Поврзете се со нас

Англија

Поранешен голман на Јунајтед: Коста е валкан стаорец, истото важи и за Суарез!

Објавено

на

Бен Фостер долги години беше дел од елитата во Англија и бранеше за неколку премиерлигашки клубови, но сега остана верен на Вотфорд и натаму е дел од првиот тим кој минатата сезона испадна првата фудбалска лига.

Фостер веќе е искусен 37-годишен голман кој во неколку наврати бранеше како позајмен фудбалер во Вотфорд пред да направи перманентен трансфер во 2018-та година, но претходно, фановите сигурно го паметат и по неговата авантура во Манчестер Јунајтед каде беше резервен голман на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Со оглед искуството кое го има во Англија, Фостер одлучи да ги издвои најнепријатните противници кои ги имал во елитата, а несомнено, на прво место ги стави познатите палавковци, Диего Коста и Луис Суарез.

– Кој е најтешкиот противник? Добро прашање. Диего Коста, тој е мал валкан стаорец кој не те остава на мир. Постојано е згрчен и подготвен да ве изгребе. Никогаш не ве остава на мир, со него на теренот, немате ниту една секунда одмор.

– Истото важи и за Луис Суарез. И тој беше таков кога беше дел од Премиер лигата. Беше ужасно да се игра против него. Подготвен е да ве клцоне, да те гребе во дуелите, правеше се што не може да види судијата. На крајот од денот, двајцата се родени победници, вистински животни, – вели Фостер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни