Поврзете се со нас

Одбојка

Полска е на друго ниво: Одбојкарите го претрпеа првиот пораз на ЕП

Објавено

на

Македонија го забележа првиот пораз на Европското одбојкарско првенство на кое нашата земја е еден од домаќините заедно со Италија, Бугарија и Израел.

Во првите две кола ги совладавме Данска и Црна Гора, меѓутоа денеска не можевме ништо да направиме во пресметката со велесилата во овој спорт, селекцијата на Полска.

Избраниците на Миленскоски загубија со 3-0 во сетови со тоа што најголем отпор дадовме во вториот сет во кој бевме рамноправни до самиот крај, меѓутоа Полјаците го имаа последниот збори и славеа со 25-21. Останатите два сета ги загубивме со 25-12 и 25-14.

Сега следи ден одмор за нашиот национален тим, а потоа се соочуваме со Холандија.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни