Поврзете се со нас

Франција

Покетино за најголемиот проблем во ПСЖ: Не се знаеше ни кој изведува пенали…

Објавено

на

Маурисио Покетино имаше неуспешна епизода во редовите на Пари Сен Жермен каде доби отказ по крајот на минатата сезона.

Аргентинецот не успеа да го донесе она за што беше ангажиран, напредок, титула во Лигата на шампионите, титула за која „светците“ веќе некое време сонуваа и со нетрпение ја очекуваат. Меѓутоа на Покетино не му беше лесно да состави тим каков што тој посакува затоа што клубот му донесе многу ѕвезди во исто време, а тоа според него било проблем во екипата.

-Треба постојано да се прилагодувате затоа што имаше премногу величина. За Барса да го има Меси или Реал да смета на Кристијано е благослов. Но кога ќе ставите премногу играчи на теренот на кои на сите им треба своето место и да бидат број 1, може да дојде до забуна. На крајот кога играте, тоа се 11 играчи со само една топка. Има пенал и кој го изведува? Тоа не е ни одлука на менаџерот.

-Нашата способност беше да бидиме луѓе кои одржуваат консензус, кои се флексибилни да му дадат на секој човек она што му е потребно. Работата е што на секој му треба нешто различно со нивните околности, во зависност од тоа како се снашле во спортски смисла, семејна смисла итн. Дадовме причина да има одредена стабилност во ПСЖ оваа година и да се задржат истите фигури, -вели Покетино за „Релево“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни