Поврзете се со нас

Репрезентација

Подмладената Македонија и парираше на Србија во првиот пријателски натпревар одигран во Ниш

Објавено

на

Видно изменетата ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз на првиот пријателски натпревар против Србија со 29:26.

Кире Лазаров го искористи овој период да состави селекција на потенцијални македонски репрезентативци од македонскиот шампионат и со истата да се соочи со селекцијата на Србија во натпревар одигран во салата „Чаир“ во Ниш.

Македонија во составот ги имаше играчите само од домашниот шампионат, додека пак Србија играше во комбиниран состав, но со многу поискусни имиња меѓу кои беше и соиграчот на Лазаров од Нант, Драган Пешмалбек.

Освен лошиот почеток на натпреварот, Македонија пружи солиден отпор во текот на целиот натпревар, а Лазаров сигурно имаше што да види од момците кои во иднина треба да бидат дел од првата репрезентација.

Најефикасен во македонскиот табор беше младиот Цветан Кузманоски кој запиша седум погодоци, додека кај Србија споменатиот Пешмалбек постигна шест голови. Во репрезентацијата на Србија играше и новиот играч на Вардар, Дарко Ѓукиќ.

Србија- Македонија 29:26

Србија: Бомаштар, Воркапиќ, Борзаш, Сретеновиќ, Кривокапиќ, Пешмалбек, Ѓукиќ, Трнавац, Илиќ, Кукиќ, Илиќ, Шотиќ, Ратковиќ, Николиќ, Петриќ, Богдановиќ, Радојковиќ, Милосављевиќ, Џориќ.

Македонија: Кузманоски (7), Манасков, Георгиев (2), Петковски, Герогиевски, Костески (3), Кизиќ (7 одбрани+ 1гол), Ѓорѓовски (1), Кондев (1), Кукуловски, Младеновиќ, Јагуриновски (3), Стојковиќ, Аларов (2), Атанасовски, Серафимов (1), Симоновски (3), Мишевси

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни