Поврзете се со нас

АТП

По голема борба: Ивановски поразен од Табур во финалето во Куршумлиска Бања

Објавено

на

Македонскиот тениски ас, Калин Ивановски доживеа пораз од Клемен Табур во финалето во поединечна конкуренција на фјучерсот во Куршумлиска Бања (Србија).

Ивановски имаше можност со двојна титула да го заокружи овој турнир, но во завршниот меч во сингл не успеа да излезе на крај со седмиот носител од Франција. Повеќе од два ипол часа се надмудруваа најдобриот македонски рекет и Табур, се играа три сета во кој на крајот поискусниот го имаше последниот збор и го освои пехарот на фјучерсот што се играше на земјена подлога за награден фонд од 25.000 долари.

Првиот сет му припадна на Клемен со 6-4, потоа соодветно одговори Калин со 6-3 по што се влезе во третата решавачка рунда во која Табур искористи две од трите брејк топки за разлика од нашиот рекет кој имаше нула од два.

Французинот победи со 6-2 и со тоа дојде до вториот пехар во 2023 година по оној во Анже.

Ја грабна првата титула во Куршумлиска Бања: Ивановски триумфираше во двојки на турнирот во Србија

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни