Поврзете се со нас

Шпанија

Пјаниќ направи споредба меѓу тренинзите на Куман и Чави и го омаловажи легендарниот Холанѓанец

Објавено

на

Миралем Пјаниќ успеа да го воодушеви Чави Ернандес за време на летните подготовки и доби шанса да се бори за своето место во тимот, па иако му беше ветено дека ќе биде дел од ротацијата на тренерот, на крајот реши да направи трансфер.

Искусниот Босанец замина во Обединетите Арпаски Емирати и потпиша за Шарјах, но од голема далечина, сега реши да направи една споредба за значителното подобрување кое го бележи Барса под водство на Чави.

Пјаниќ верува во квалитетите на Чави и дека легендарниот играч за врска ќе го врати тимот на вистинскиот пат, што според него никако немало да се случи ако останел Роналд Куман, тренер кој направи комплетно да се покае за трансферот во Барса.

– Останав многу изненаден од тренинзите на Куман. Тие беа премногу кратки, немаше интензитет, ниту никакви тактички идеи. Едноставно не се подготвувавме за натпреварите.

– За разлика од тоа, со Чави е сосема поинаку. Подготовките се многу добри, личи како од најдобрите денови во Јувентус. Тренинзите се со максимален интезитет, тренерот беше многу јасен од стартот. Ни порача дека оваа сезона ќе мора многу да се трча, да се оди со 2000 километри на час. Со Чави, тренинзите на Барса се претворија како официјални натпревари, – вели Пјаниќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни