Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пелистер загуби од Алборг во последниот натпревар на домашен терен во ЛШ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаа пораз од Алборг од 33:28 во последниот натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите.

Македонскиот тим се обидуваше да се носи, бори со еден од најквалитетните европски клубови, но и овојпат тоа не беше доволно за поволен резултат, поточно ова за нив беше 13. пораз во исто толку средби во групната фаза на елитното натпреварување.

„Фармацевтите“ во двете полувремиња дадоа по 14 гола, но во првото примија 17, второто еден помалку и на тој начин мораа спортски да му ја честитаат победата на противникот.

Репрезентативецот Кузмановски беше прв стрелец со 9 погодоци, додека Бартхолд и Бјорнсен имаа по 5 реализации на другата страна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни