Поврзете се со нас

Балкан

Партизан ја победи Звезда, но остана без капитенот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Составот на Партизан славеше над Црвена Звезда во Евролигата и со тоа на најдобар можен начин го најави соочувањето кои овие два тима ќе го имаат во АБА лигата веќе во понеделник.

Маѓутоа „црно-белите“ не можат докрај да се израдуваат на овој триумф затоа што денеска добија информација дека некое време нема да можат да сметаат на капитенот и еден од најдобрите играчи во екипата, Кевин Пантер. Пантер заработи повреда во вчерашниот дуел, а медицинските прегледи покажаа дека ќе биде во аут најмалку две седмици.

-Капитенот на Партизан заработи повреда на синоќешното дерби која ќе го оддалечи од терените во периодот пред нас. Пантер се има повреда на задната ложа, додека на другата нога заработил силен удар во коленото. Природата на повредата е таква што според првите прогнози капитенот на црно-белите ќе биде надвор од тимот најмалку две недели, -порачаа од „црно-белите“.

Ова значи дека племејкерот ќе ги скокне соочувањата со Звезда, Басконија, Сплит, Фенербахче и Игокеа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни