Поврзете се со нас

Евролига

Паркер: НБА лигата е бизнис, Евролигата е константно квалитетно натпреварување

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBbasket

Џабари Паркер скоро една деценија беше дел од НБА лигата, но од ова лето тој е член на Барселона и се очекува да биде достојна замена за Никола Миротиќ.

Паркер своевремено беше втор пик на НБА драфтот и имаше навистина квалитетни изданија во најсилната лига на светот, но потоа имаше и некои проблеми, повреди, преселби во неколку клубови за да му се отвори можност и дојде ан стариот континент.

Тој има јасна цел за тоа што сака да направи во Барселона и притоа отворено говореше за НБА и за тоа како од година во година ја губи атрактивоста за гледачите.

-Сакам само да бидам дел од една легитимна приказна, секој натпревар да ми биде важен. НБА е бизнис каде имаш 10-12 тимови кои навистина се обидуваат да триуфмираат додека останатите играат за драфт. И како добрите играчи доаѓаат до израз? Мора да бидеш супер добар или супер лош за да изгубиш натпревари. Ги гледате Демаркус Казинс, Двајт Хауард или Џон Вол кои сега се без договор. Лигата е разредена, -рече Паркер кој објасни зошто си замина од НБА.

-Не сакав да поминам низ уште еден исцрпувачки процес во кој клубот сака да ризикува со мене. Денес секој може да игра. НБА кошарката првенствено не ја играат Американците. Треба да играте со најдобрите во светот и Евролигата постојано има такви играчи. Имаме големи очекувања од себе и сакаме да се натпреваруваме, -порача Џабари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни