Лига Европа
Пакета донесе важна победа за Вест Хем, триумфи остварија и останатите фаворити (ВИДЕО)

Екипата на Вест Хем се избори за важна победа над Олимпијакос во дерби средбата од вечерните пресметки во Лига Европа.
„Чеканите“ пред 15 дена загубија во Пиреја и денеска бараа триумф со кој ќе направат исчекор кон наредната фаза. Таа цел ја остварија и тоа со погодокот кој Пакета го постигна во 73 минута.
🚨🚨| GOAL: Paqueta gives West Ham the lead.
West Ham 1-0 Olympiacos
— CentreGoals. (@centregoals) November 9, 2023
Премиерлигашот сега има 9 бода исто како и Фрајбург кој испука „петарда“ во мрежата на ТСЦ. Бундеслигашот славеше со 5-0 во дуел во кој шанса не доби нашиот Мартин Мирчевски.
И останатите фаворити дојдоа до посакуваните резултати, поточно победи остварија Аталанта, Бетис и Спортинг.
РЕЗУЛТАТИ
АЕК – Марсеј 0-2
Аталанта – Штум 1-0
Бетис – Арис 4-1
Фрајбург – ТСЦ 5-0
Хакен – Молде 1-3
Ренџерс – Спарта 2-1
Спортинг – Раков 2-1
Вест Хем – Олимпијакос 1-0
-
Италијапред 20 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 18 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Балканпред 20 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 22 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Светпред 5 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Светпред 18 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Европски куповипред 19 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
Репрезентацијапред 23 часа
Лековска не се прослави, Македонија испушти чиста победа против Бугарија (ВИДЕО)