Поврзете се со нас

Евролига

Олимпијакос ја одбрани Пиреја и се пласираше на Ф4 во Евролигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/Olympiacos_BC

Олимпијакос успеа да го одбрани домашниот терен во „мајсторката“ против Фенербахче и се пласираше на фајнал-форот во Евролигата, турнир кој ќе се одржи на 19-ти и 21-ви мај.

Салата на „Мирот и пријателството“ се покажа како неповолно сценарио за гостите од Турција, кои вечерва едноставно немаа што да бараат во Пиреја уште од самиот старт.

Олимпијакос покажа поголем квалитет и ја контролираше играта во секој сегмент, па откако ги доби првите три четвртини во своја корист, беше јасно дека го добивме и вториот патник на завршниот турнир по Барселона.

Грчкиот тим победи со 84:72 и на фантастичен начин го надигра големиот ривал, кој иако скапо ја продаде кожата во оваа серија, на крајот мораше да се помири со пораз.

Слукас и Везенков со 22 и 17 поени беа лидери во победничкиот тим, додека Гудуриќ залудно постигна 26 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни