Поврзете се со нас

Македонија

Одмазда за поразот во Битола: Вардар го прегази Еурофарм Пелистер 2

Објавено

на

Бранителот на титулата во најсилниот домашен ракометен шампион Вардар оствари убедлива победа (32-20) над Еурофарм Пелистер 2 во средбата од 20. коло која вечерва се одигра во СЦ „Јане Сандански“.

Вардарци претрпеа шокантен пораз од оваа екипа во првата средба во Битола, па денеска сакаа да покажат оти тоа било само еден лош ден. „Црвено-црните“ сите дилеми ги решија во првите 30 минути кои ги добија со 19-11, па продолжението беше чиста рутина за потврда на триумфот кој на крајот изнесуваше 12 разлика.

Тимур Дибиров со седум гола беше прв стрелец кај победник, кај поразените се истакнаа Павле Петровиќ и Филип Арсеновски со по четири погодоци.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни