Поврзете се со нас

Македонија

Нов предизвик за легендата: Тони Симиќ назначен за нов тренер на Шкупи

Објавено

на

Македонската кошаркарска легенда, Тони Симиќ има нов ангажман и тоа како предводник на составот на Шкупи.

Симиќ ја прифатил понудата од клубот од Чаир кој по првите две кола во втората македонска лига има половичен учинок, победа над Ангели и пораз од Партизан Водно Санс.

Задачата на Симиќ ќе биде да ја поправи атмосферата и да го одведе тимот до што подобри резултати во продолжението на сезоната. Договорот е на една година со опција истиот да може да биде продолжен ако двете страни се задоволни од соработката.

Дебито на новата позиција ќе го има в сабота на гостински терен против МЗТ Скопје Уни Банка.

Последниот ангажман Тони го имаше во ФМП Академија каде ја оствари главната цел и обезбеди опстанок во Првата лига, а претходно работеше во Работнички, кадетската репрезентација на Македонија, но и го водеше Баскет Кам.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни