Поврзете се со нас

Англија

Ниту Кејн, ниту Роналдо и Салах: Канаваро откри кој напаѓач од Премиер лигата најмногу го импресионирал

Објавено

на

Фабио Канаваро чека вистинска понуда од Европа за да се врати во тренерските води по етапата која ја имаше во Кина, но во разговор за угледниот англиски таблоид „Сан“, во последното интервју направи една своја анализа за најдобрите напаѓачи во Премиер лигата.

Како врвен стопер од играчките денови кои успешно се справуваше со голем број најдобри напаѓачи, Канаваро откри дека најмногу е изненаден од Кореецот Хеунг Мин Сон, за кого вели дека е негов фаворит кога се во прашање голгетерите во Премиер лигата.

Канаваро ги стави во втор план Кејн, Роналдо, Салах и Обамејанг, потенцирајќи дека е најмногу импресиониран од Сон поради тоа што никој не очекувал таков развој од него како играч.

– Од напаѓачите во Премиер лигата, навистина добри ми изгледаат Кејн и Сон. Сепак, ќе кажам дека Кореецот Сон е оној кој најмногу ме импресионираше. Обамејанг исто така е страшен напаѓач како Роналдо, но јас не би се плашел од нив двајца како дефанзивец.

– Сепак, ако зборуваме за Канаваро од најдобрите денови, тој не би се плашел од никого. На сите споменати напаѓачи би им било тешко против мене, – потенцира човекот кој ја освои и „Златната топка“ во 2006-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни