Поврзете се со нас

АБА лига

Николиќ: Имаме за што да жалиме, одбраната беше…

Објавено

на

МЗТ Скопје и понатаму останува без триумф на гостински терен во АБА лигата, односно не успеа со позитивен резултат да се врати и од пресметката со Морнар во Бар.

„Штрковите“ беа рамноправни три четвртини, но застанаа во последниот период, не го испратија ривалот во напаѓачка смисла и претрпија пораз од 93-84.

По ова останува МЗТ да ја побара својата шанса на некои од наредните натпревари на кои едноставно мора да собереше што повеќе победи ако сака да опстане во оваа прволигашка јадранска конкуренција.

-Сакам да се заблагодарам за навистина убавиот прием на Морнар и браќата Павичевиќ. Натпреварот беше квалитетен, очекував голема борба, се чинеше дека можеме да стигнеме до трилер завршница, но одбраната беше исклучително лоша во последната четвртина. Дозволивме Глас и Пецарски да се разиграат. Имаме за што да жалиме, од плус шест во средината на третиот перид, дојдовме до минус десет во средината на последната четвртина, -истакна тренерот на МЗТ, Драган Николиќ.

Следниот меч за клубот од Аеродром во оваа конкуренција е на 3 март против ФМП.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни