Поврзете се со нас

Боречки спортови

Нгану откри што му порачал на Фјури откако го патосираше во рингот

Објавено

на

Foto:instagram.com/francisngannou

Френсис Нгану ја изненади комплетната спортска јавност со своето издание на бокс спектаклот во Ријад, град кој беше домаќин на мега пресметката на двајцата „тешкаши“.

Нгану како поранешна УФЦ ѕвезда дебитираше во боксерскиот ринг и го предизвика неприкосновениот шампион Тајсон Фјури, а иако во битката влезе како апсолутен аутсајдер, малку фалеше да приреди огромна сензација.

Камерунецот го нокдаунираше Фјури во третата рунда и му зададе многу тешки удари и во осмата, па иако многумина сметаа дека тој требаше да ја прокнижи победата, судиите имаа поинаква оценка.

Британецот Фјури победи тесно со судиска одлука и неговиот победнички скор остана недопрем, но Нгану неколку дена по борбата смета дека бил „ограбен“, но и откри каква порака имал за противникот кога го спружил на земја.

– Кога ги допревме првпат ракавиците во воведот на борбата, ми порача „сега ќе те научам на добра школа“. Си помислив дека нема што да учам од тој мајко…ч!

– Затоа кога го нокдаунирав, играв пред него и му порачав дека е лош професор! За мене изгледаше како јас да го учам што треба да прави во школо. Јас сум убеден дека ја добив борбата, но знаев дека нема да победам ако не го нокаутирам. Знаев што ќе се случи ако дојде до гласање. Јас сум осамен во боксот, сега првпат доаѓам. Дојдов од друг спорт и замислете што ќе значеше за бизнисот ако победев, или ако го поразев за првпат. Знаев дека тоа нема да се случи кога дојде до гласање, сметам дека тие судии треба да бидат санкционирани. Такви судии уништиле кариери на многу борци, – вели Нгану.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни