Англија
Некои навики не се менуваат: Џерард лудо прослави гол против Селтик и ги разбесни противничките фанови (Видео)

Денеска на „Енфилд Роуд“ се одигра ревијален натпревар меѓу легендите на Ливерпул и оние на Селтик, но од она што можеше да се види на теренот, дел од поранешните играчи доста сериозно си ја сфатија работата.
Стивен Џерард како капитен на Ливерпул го предводеше својот тим во победата од 2:0, но начинот на кој го славеше голот во првото полувреме направи тој момент да стане вирален во Англија.
Некои навики не се менуваат и Стиви Џи со огромна сатисфкација славеше на ревијалната средба, а голем дел од гостинските навивачи тоа го сфатија како директна провокација и веднаш возвратија.
Како поранешен менаџер на Ренџерс, Џерард е омразен лик меѓу навивачите на Селтик, кои попладнево добија дополнителна мотивација да го нападнат поранешниот капитен на Ливерпул.
Џерард со големи емоции славеше пред гостинските фанови од Шкотска, кои не останаа должни и го гаѓаа Стиви со шишиња, парички и различни предмети.
GERRARD SCORES AND GIVES IT TO THE CELTIC FANS!😂 pic.twitter.com/7NPY6FvlVr
— The Redmen TV (@TheRedmenTV) March 25, 2023
The perfect angle of Gerrard’s Celtic celebration 👍 pic.twitter.com/Rllo6swZj8
— The Rangers Review (@RangersReview55) March 25, 2023
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 20 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 20 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 19 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 21 час
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 20 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 21 час
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)