Поврзете се со нас

Италија

Наполи го сруши шампионот Милан во дербито на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Наполи излезе како победник од дерби пресметката со Милан која вечерва се одигра на „Сан Сиро“ во Милано.

Гостите од Неапол се избори за славје од 2-1 во дуел во кој сите три погодоци паднаа во второто полувреме. Се започна од 55 минута кога Политано го реализираше ударот од 11 метри, пенал кој дојде по дуелот на Дест и Кварацкелија.

Милан се врати во игра во 69 минута кога Жиру на асистенција на Ернандес го израмни резултатот. Сепак последниот збор го имаа момците на Спалети или поточно Симеоне кој со удар со глава му донесе три бода на Наполи во 78 минута.

Ова за „росонерите“ е прв пораз сезоната, кога е во прашање Наполи петто славје во седмото коло со што е лидер во Серија А.

Нашиот Елиф Елмас ги одигра завршните минути, поточно беше активен од 87 минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни