Поврзете се со нас

Формула 1

Најголемото изненадување во Монтреал доби казна по квалификациите, Алонсо ќе стартува втор (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Вчерашните квалификации во Монтреал донесоа доста проблеми за фаворитите поради лошите временски услови, но не и за Макс Ферстапен кој уште еднаш покажа дека е најбрз и на дожд.

Актуелниот светски шампион стигна до пол-позицијата и вечерва ќе стартува прв на трката за Големата награда на Канада, но неколку часа по квалификациите, стана познато дека официјалниот грид ќе биде променет.

Нико Хулкенберг од Хас беше најголемо изненадување и со своето храбро возење го освои второто место, но на крајот стјуардите и одговорните лица во Ф1 одлучија да го остават без него.

Хулкенберг доби казна од три места поради неправилна брзина додека на патеката имаше црвено знаме, па наместо втор, Нико ќе стартува петти.

Најголем профитер од оваа ситуација е Фернандо Алонсо, легендарниот Шпанец кој сега изби во првиот стартен ред и ќе биде веднаш крај Ферстапен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни