Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман се уште не добил повик од челниците на Баерн, за отказот дознал од медиумите

Објавено

на

Повеќе од извесно е дека младиот стратег, Јулијан Нагелсман нема да остане на клупата на Баерн Минхен и дека уште од утре ќе му биде пронајдена замена.

Медиумите во Германија веќе објавија дека Нагелсман наскоро ќе стане поранешен тренер на „баварците“, а него би требало да го замени Томас Тухел кој е без ангажман по заминувањето од Челси.

Познатиот новинар, Фабрицио Романо објави дека Нагелсман се уште не добил повик од неговиот клуб со кој ќе му биде соопштено дека ќе мора да биде прекината соработката.

Младиот стратег за отказот од Баерн дознал од медиумите кои лиферуваа информација дека ваквиот шокантен потег на челниците на клубот бил донесен во текот на вчерашниот ден на интерна средба.

Истовремено, „Билд“ открива дека Нагелсман бил на скијање со својата девојка и ги користел своите два денови одмор, кои на крајот ќе се покажат и како последни за него како тренер на баварскиот великан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни