Поврзете се со нас

АТП

Надал за нивото во светскиот тенис: Ѓоковиќ беше далеку подобар пред пет или десет години

Објавено

на

Тони Надал одблиску можеше да го следи развојот на Новак Ѓоковиќ од дуелите кои ги имаше со неговиот внук Рафа, а како единствен од „старата гарда“ кој се бори со новата генерација на тенисери, искусниот тренер даде еден сериозен заклучок за актуелниот тенис.

Чичко Тони смета дека актуелната нова генерација на тенисери е многу послаба од онаа од пред десет или петнаесет години, за што најдобар пример се последните два силни турнири, вклучувајќи го и актуелниот Ју-Ес Опен.

– На овој Ју-Ес Опен испаднаа речиси половина од првите 32 носители во првите две рунди, а тројца од нив се од топ осум на АТП листата, Слично беше и во Канада и Синсинати и затоа дојдов до заклучик дека квалитетот во топ 10 порано беше многу подобар од овој. Поранешните играчи во топ 10 беа поконстантни и покомпетитивни.

– Сега е помала разликата меѓу тенисерите од прв и втор ред, сега се поизедначени од било кога. Сега се се сведува на брзината и невозможно е да се гледа врвен тениски меч. Тоа го можат само Ѓоковиќ и Алкарас. Денешниот тенис повеќе се потпира на силата во ударите, отколку на контрола на играта. Ќе дадам еден пример: Во Синсинати гледав меч на кој имаше 135 неизнудени грешки, тоа е вистински срам за тенисот.

– Можеме да кажеме дека Алкарас сега игра како во најдобрите денови на Федерер кога беше број еден, но Ѓоковиќ беше далеку подобар од сега пред пет или десет години. Рафа би го надиграл Медведев, Мари би бил подобар од Зверев, Вавринка од Руд, Дел Потро би го совладал Рубљов, а истото би го направил и Ферер со Руне. Знам дека ова не може да се докаже во пракса, но споредбите можат да ни помогнат да откриеме зошто има толку многу изненадувања на големите турнири, – анализира Тони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни