Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ мораше „двапати“ да го победи Шенчур

Објавено

на

foto:twitter.com/ABA_League2

Кошаркарите на МЗТ Скопје се изборија за славје над Шенчур од 75:73 во првиот натпревар на турнирот во АБА2 лигата што се игра во Нови Сад.

„Штрковите“ забележаа два порази во домашниот шампионат во пресрет на настапот на овој „балон“, па дефинитивно постоеше голема желба кај тимот со позитивен резултат да се вратат на вистинскиот пат. Клубот од скопски Аеродром го доби првото полувреме со 38:34, во третиот период водеше и со 16 разлика и се чинеше дека македонскиот првак ќе успее рутински да дојде до славје на овој меч.

Меѓутоа металците покажаа слабости во завршниот период во кој му дозволија на ривалот малку по малку да ја стопи негативата и во два наврати да поведе со 71-70 и 73-72, ама Расел ја презема одговорноста во последниот напад и успеа да постигне тројка за 75-72 и петто славје во осмата средба во ова натпреварување.

Расел и Танасковиќ со по 17 поени беа најефикасни, кај Шенчур се издвои Новак со 15 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни