Поврзете се со нас

Свет

Мурињо бираше специјални моменти од својата кариера и опиша еден момент со Гвардиола: Ова беше поигрување со умот (Видео)

Објавено

на

Жозе Мурињо е единствениот тренер во историјата кој ги има освоено трите натпреварувања на УЕФА, откако пред две години со Рома стигна до трофејот во Конференциската лига.

Португалецот претходно во својата колекција веќе ги имаше Лигата на Европа и Лигата на шампионите, а токму поради статусот како единствен во историјата, „Скај“ го искористи Жозе за најава во новата сезона во Европа.

Позната италијанска телевизија ќе ги пренесува сите три натпреварувања во новата сезона, но Жозе како главен промотор ги издвои специјалните моменти кои ги доживеа како тренер на различни клубови.

Мурињо ја избра прославата во победата над Барса пред сликата на која ги одработува своите „мајнд гејмс“ со Пеп Гвардиола и Златан Ибрахимовиќ, а дава коментар и за освоената Лига Европа со Манчестер Јунајтед, како и последниот болен пораз како тренер на Рома од Севилја.

– Во Манчестер тоа беа нормални емоции, да се освои Лигата на Европа со Јунајтед е нормално. Ако кажам што мислам за другата слика, ќе добијам суспензија од десет меча, – вели Жозе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни