Лига Европа
Мурињо бил бесен во соблекувалната: Само еден мој играч не заслужи пораз

Славија Прага ја победи Рома со 2:0 и ја казни индолентноста со која Италијанците влегоа во овој натпревар во Лига Европа, кој за нив испадна како попатна станица за она што следи, големото римско дерби со Лацио.
Најголем дел од играчите на Рома најверојатно веќе со мислите беа на неделното дерби, а Мурињо откри дека бил бесен во соблекувалната и дека зборувал со играчите веднаш по поразот, нешто што не го прави речиси никогаш.
– Денеска ни недостасуваше се на теренот, не сакам да зборувам премногу за овој меч, а тоа не треба да го прави никој од тимот. Резултатот беше целосно заслужен. во позитивна смисла за Славија, а во негативна за нас. Веќе зборував со играчите во соблекувалната, а тоа не го правам никогаш после еден натпревар.
– Тоа што им го кажав, ќе остане меѓу нас. Сакам да бидам искрен и фер кон момците на Славија Прага, тие целосно го заслужија овој триумф и нема ни најмала дамка за победата. Имавме една шанса за 1:1, но целосно гледано, нашите перформанси беа ужасни.
– Ќе ви кажам дека ми се допадна само една работа од овој меч, а тоа беше Едоардо Бове. Тој е 20-годишно момче, но еден играч не е доволен за да победите на еден меч. Сите заслуживме пораз вечерва, само Бове не, – изјави Мурињо.
-
Англијапред 23 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Англијапред 20 часа
Сколс закачи две ѕвезди на Јунајтед по поразот од Њукасл: Тој му нанесе повеќе штета на тимот отколку добро
-
Атлетикапред 20 часа
Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија
-
Англијапред 19 часа
Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)
-
Англијапред 13 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Италијапред 16 часа
Италијанска драма: Голманот не Лече се избори за пенал во 96. минута! (Видео)