Поврзете се со нас

Светски првенства

Морган обвини дека „Би-Би-Си“ непотребно го величи Меси, Линекер го истрола со својот одговор

Објавено

на

Ривалството меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси со себе носи и вечна дебата меѓу фановите за тоа кој е подобар фудбалер, а во неа често се вклучуваат и познатите имиња.

Тоа посебно важи за Пирс Морган и Гери Линекер кои се на спротивставена страна, при што Морган дефинитивно е за опцијата Роналдо, за што како „заслуга“ доби и ексклузивно интервју со Португалецот по кое Кристијано ја заврши втората етапа во Манчестер Јунајтед.

Од друга страна, Линекер и неговите гости во студиото на „Би-Би-Си“ и вчера не штеделе комплименти за Меси кој ја предводеше Аргентина до победа над Австралија, а за тоа добија и жесток напад од Морган.

– Навивањето за Меси од страна на коментаторите на „Би-Би-Си“ станува мачно за слушање. Се загрижив дека некој од нив доживеа „несреќа“ во студиото. Смирете се момци, Меси одигра добар натпревар против просечен тим. Видете како ќе игра против квалитетен тим, – твитнал Морган.

Не се чекаше долго на одговор, а Линекер беше еднакво жесток.

– Добро е што за момент излезе од утробата на Роналдо за да го кажеш твоето мислење, – му порачал Линекер на Морган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни