Поврзете се со нас

Свет

Митревски и Порто на чекор од уште еден трофеј во Португалија

Објавено

на

Порто на македонскиот репрезентативец Никола Митревски е на чекор од хет-трик и потполна доминација во португалскиот ракомет во оваа сезона.

Митревски и компанија триумфираа во домашниот шампионат, претходно го кренаа пехарот во Супер Купот, а сега ќе играат во финалето на Купот против Спортинг. Имено Порто во полуфиналето беше подобар од Мадеира со 35-29 и тоа во средба во која клучната предност ја направи во првото полувреме (20-14).

Спортинг имаше потешка задача и мораше да се надигрува со Бенфика (33-30), па останува да видиме кој ќе покаже повеќе и ќе ја освои последната титула во Португалија за сезоната 2021/2022.

Три меѓусебни дуели имаа овие два состави во текот на кампањата, трипати поуспешни беа Митревски и соиграчите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни