Поврзете се со нас

Репрезентација

Митревски: Добивме еден од противниците кој помалку го посакувавме

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација ја победи Швајцарија на крајот на својот настап на Европското првенство и тоа направи да биде носител на денешната ждрепка, на која нашиот најсилен тим за противник го доби тимот на Фарски Острови.

Извлечениот бараж двомеч за Светското првенство ќе ни донесе пресметки со селекцијата која прикажа навистина храбри изданија на турнирот во Германија, а начинот на кој се развива ракометот во оваа земја прави Фарски Острови да биде доста потежок ривал за разлика од пред неколку години.

Според традицијата и рејтингот, Македонија секако ќе влезе како фаворит во овој дуел, нешто што го посочи и капитенот на репрезентацијата, Никола Митревски.

– Добивме еден од помалку посакуваните противници во баражот. И покрај ова ние ќе влеземе како фаворити и тоа треба да го искористиме. Фарски Острови е селекција која е во подем, играат брз ракомет, има играчи кои играат во Бундес-лигата. Нивната игра се темели на квалитетите на тие играчи.

– Доколку бевме од другата страна на ждрепката и го добиевме овој противник, секако дека ќе бевме задоволни. Треба да се подготвиме за нив и да го продолжиме континуитетот на пласман на големите натпреварувања, – изјави Митревски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни