Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Митревски доби заслужено признание од ЕХФ за голманскиот мастерклас во ЛШ (Фото)

Објавено

на

Никола Митревски уште долго ќе ја памети изминатава вечер во ракометна Европа, бидејќи македонскиот репрезентативен голман имаше едно од своите најдобри изданија во кариерата.

Митревски брилјираше на голот на Порто и одигра круцијална улога во големата победа која ја оствари португалскиот тим над Пиг Сегед, завршувајќи го мечот со застрашувачки 15 интервенции и една асистенција за гол.

Поради неверојатниот учинок, на крајот Митревски доби заслужено признание од страна на ЕХФ и беше прогласен за играч на мечот во триумфот од 25:19, дуел во кој имаше речиси 47 проценти одбранети удари.

Од вкупно 32 испратени удари, Митревски дури 15 пати успешно интервенираше, а посебно луда и неверојатна беше парадата која ја изведе пред очите на Канељас, а по која без текст остана и коментаторот на ЕХФ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни