Поврзете се со нас

Свет

Митревски даваше голови и имаше неверојатна партија против Мадеира

Објавено

на

Искусниот македонски голман, Никола Митревски имаше супер издание против Мадеира во заостанатиот меч од 21. коло во првата лига на Португалија.

Порто го прегази противникот со 16 разлика (41-25), а еден од асовите кој го одбележа триумфот беше Митревски кој освен што беше одличен на својот гол, тој ја тресеше и мрежата на Мадеира.

Идниот член на Еурофарм Пелистер имаше 61 процент на успешност на одбранети удари (11 од 18) и притоа успеа да постигне два гола од три обиди.

Победникот имаше тројца играчи со по шест реализации и тоа Фернандез, Оливеира и Кристенсен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни