Поврзете се со нас

НБА

Милвоки не ја продолжи победничката серија, но се засили со искусен играч

Објавено

на

Кошаркарите на Милвоки не успеаја да ја продолжат победничката серија во НБА и загубија на дербито со Филаделфија, но затоа ги израдуваа фановите со една добра вест.

Ветеранот Горан Драгиќ потпишал договор со Бакс за соработка до крајот на сезоната, по што 36-годишниот Словенец ќе биде важно засилување во битката за титулата.

Драгиќ ја почна сезоната во Чикаго, но Булс му доделија отказ очигледно незадоволни од неговиот ефект, односно просекот од 6,4 поени и 2,7 асистенции по натпревар.

Словенечкиот ветеран ќе го носи дресот со број 31, а ова ќе му биде седми различен тим во НБА кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни