Поврзете се со нас

Италија

Милан го потврди трансферот на Пулишиќ: Ова е историски клуб, ќе дадам се…

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Милан официјално го потврди најновото засилување кое доаѓа од Челси, а неговото име е Кристијан Пулишиќ.

Офанзивецот сакаше промена во кариерата, па по повикот од Милан инсистираше на трансфер на „Сан Сиро“ кој сега се комплетираше, односно Американецот се обврза на договор до 30 јуни 2027 година со опција за уште една сезона.

-Многу сум возбуден што сум тука и конечно пристигнувам во Милано. Го почувствував овој „wow“ фактор, историјата на клубот, само гледајќи го теренот за тренинзи, сè овде е многу посебно, па чест ми е што сум дел од овој историски клуб.

-Затоа сакав да дојдам овде. Од која било причина, не ги добивав можностите што ги сакав во мојот претходен клуб, но сега имам одлична можност да го достигнам највисокото ниво што можам и да го однесам на друго ниво. Ова е огромен клуб, има многу дресови на Милан ширум САД и дефинитивно се доживува како голем, легендарен тим, -порача Кристијан кој го зема дресот со бројот 11.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни