Поврзете се со нас

Македонија

Металург донесе уште еден Французин во Автокоманда

Објавено

на

Поранешниот македонски шампион Металург повлече уште еден потег во обидот да изгради што подобра, поквалитетна екипа за натпреварувачката 2021/2022, па така нивен нов член е Абдула Мане.

Мане има 25 години и ја покрива левата бековска позиција, а исклучително корисен и како дефанзивен играч. Тој е третиот Французин кој клубот од Автокоманда го доведе во овој преоден рок по браќата Кевин и Оливие Њокас.

Абдула во Скопје доаѓа од Дижон, претходно има настапувано и за Безансон, Белфорт и Мулхаус.

Досега Металург освен француската тројка ги ангажираше крилото Улисис Рибеиро, кружниот напаѓач Костадин Петров, средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардаковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни