Шпанија
Меси преку Инстаграм се прости од Суарез и упати „отровни стрели“ кон управата: Во овој момент ништо не ме изненадува…
Во текот на вчерашниот ден беше организирана проштална прес конференција за Луис Суарез кој по седум години си заминува од Барселона како еден од најдобрите клупски играчи во историјата.
Суарез на многу лош начин буквално беше избркан од редовите на каталонскиот тим и сега кариерата ќе ја продолжи во редовите на Атлетико Мадрид.
На неговото простување со клубот во текот на вчерашниот ден присутен беше и Лео Меси кој денес преку социјалните мрежи се прости од својот партнер од нападот кој од оваа сезона ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид.
– Ќе биде многу тешко да не се продолжи да се минува времето со тебе и на терените и надвор од нив. Ќе ни недостасуваш многу. Поминавме многу години, многу пријатели, многу ручеци, вечери… Многу работи кои никогаш нема да бидат заборавени, бевме секој ден заедно.
– Ќе ми биде чудно да те видам во друг дрес, а уште почудно да играм против тебе. Заслужи да заминеш поради тоа што си, како еден од најголемите фудбалери во клупската историја кој направи важни работи за тимот, но и на индивидуален план.Не требаше да бидеш избркан на начинот на кој те избркаа. Но вистината е дека во овој момент ништо не ме изненадува.
– Ти посакувам се најдобро во новиот предизвик. Те сакам многу, те сакам многу. Се гледаме наскоро пријателе, -напиша меѓу другото Лео Меси во прошталната порака до Суарез.
На прес конференцијата освен Меси присутни беа и Жорди Алба, Џерард Пике, Сержи Роберто и Серхио Бускетс.
-
Шпанијапред 21 час
Чуамени ја сподели легендарната изрека на Коби по освоената титула во Ла Лига (Видео)
-
Балканпред 24 часа
Ристовски откако доживеа ужасни прозивки од фановите на Риека: Не ве мразам, но веќе не ве почитувам! (Фото)
-
АТПпред 10 часа
Тони Надал: Рафа живее нормален живот, Ѓоковиќ…
-
Светпред 22 часа
Португалија го доби новиот шампион: Лисабон обоен во зелено (Видео)
-
Германијапред 15 часа
Зидан се огласи и ги разреши сите дилеми околу тренерската позиција во Баерн
-
Светпред 22 часа
Гвардиола со проштално писмо се прости од аргентинскиот „Флако“: Малкумина ви даваат толку многу во животот!
-
Англијапред 24 часа
Искри меѓу соиграчите: Двајца дефанзивци на Тотенхем влегоа во клинч на теренот, Викарио ги двоеше (Видео)
-
Англијапред 9 часа
Пораз кој боли: Кристал Палас го понижи Јунајтед на „Селхрст Парк“(ВИДЕО)