Поврзете се со нас

Англија

Мендеш ги расчисти дилемите: Роналдо е среќен во Јунајтед, ова ќе биде страшна сезона за него

Објавено

на

Кристијано Роналдо од оваа сезона одново го носи дресот на клубот на кој блесна на најголемата сцена-тоа е премиерлигашот Манчестер Јунајтед за кого досега даде 14 голови на 21 натпревар во натпреварувачката 2021/2022.

Меѓутоа медиумите секогаш знаат да играат, вадат информации, шпекулации ако има одредени проблеми, лоши резултати во екипата, незадоволство, па во минативе денови имаше вести за тоа дека Кристијано би можел да го напушти „Олд Трафорд“.

Ама вистината е далеку од тоа и најдобар доказ за тоа е изјавата на неговиот пријател и воедно агент, Жорже Мендеш.

-Роналдо е многу среќен во Манчестер Јунајтед. Тој ќе продолжи со своите солидни, одлични игри, како што секогаш правел во кариерата. Сигурен сум дека ова ќе биде страшна сезона за него, изјавил Мендеш за „Скај Спорт Италија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни